По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава, како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои не прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитеи на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија – истакна премиерот Заев.
Тоа го истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашното изгалсување на измените на Уставот за спроведување на Договорот од Преспа.
Овие денови, потенцираше Заев, заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историскиото решение. – Убеден сум дека и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент. Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО, рече Заев.
Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука. Знам, наведе, колку беше тешко да се направи тоа, ја чувствувам и ја разбирам и горчината, но и гордоста на секој граѓанин од огромното мнозинство за одлуката да се прифати овој исчекор за доброто и иднинатата на нашата земја и на нашиот народ.
– Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината напишавме историја и ги отворивме новите бели страници на нашата иднина за испишување на нова реалност, новата перспектива на Република северна Макеоднија земја членка на европскотото и евроатлансткото семејство, рече Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
– Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи и тека на СДСМ, ќе го отвори СДСМ ова прашање, следуават претседателски избори и евреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагње, уцени или што било во општетсвото, рече Заев