Фото: НП Пелистер

Зимата сериозно најави дека пристигнува на Пелистер. Снежната покривка на надморска височина од 1.600 метри денеска достигна 40 сантиметри, а планината доби вистински зимски изглед.

Според информациите од Националниот парк „Пелистер“, планинските патеки до 1.800 метри надморска височина се лесно проодни, но за движење по нив задолжително е користење соодветна зимска планинарска опрема.

Од Националниот парк упатија благодарност до ЈП „Македонија пат“ за навремената реакција и расчистувањето на патот до Инфоцентарот на НП „Пелистер“ и хотелот „Молика“.

Снежната покривка на Пелистер е уште една потврда дека зимските услови веќе пристигнаа на повисоките планински места во Македонија.

Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер
Фото: НП Пелистер