По повод 29 Ноември, Денот на Републиката на поранешна Југославија, претставници на Титови леви сили денеска положија свежо цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито, оддавајќи му почит на поранешниот југословенски претседател.
Со овој симболичен чин тие го одбележаа празникот што некогаш беше еден од најзначајните државни празници во Југославија.
Денот на Републиката се одбележуваше во спомен на Второто заседание на АВНОЈ, одржано на 29 ноември 1943 година во Јајце, кога беа поставени темелите на идното федеративно уредување на Југославија.
Иако празникот повеќе не се слави официјално, 29 Ноември и денес буди носталгија кај дел од граѓаните кои го паметат југословенскиот период.


































