Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатото деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот, а патниот сообраќај во државата се одвива непречено, се вели во соопштението на „Македонија пат“.
– Сите расположливи капацитети и целокупната механизација се ставени во функција насекаде низ Македонија, со цел навремено расчистување на снегот. Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид, преку планинскиот превој Буково, а укината е и забраната на магистралниот пат А3, на патниот правец Делчево – Граничен премин Делчево. Сообраќајот на овие делници се одвива непречено. Екипите на „Македонија пат“ остануваат на терен и апелираме до возачите да го приспособат управувањето со своите возила на условите на патот – се вели во соопштението.

































