Третиот меч од дуелот меѓу Гукеш Домараџу и Јавохир Синдаров за светската титула, кој се игра во Женева (Швајцарија), заврши нерешено по борба од 60 потези, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Со тоа натпреварот е изедначен на 1,5-1,5 пред вчерашниот ден за одмор и денешната четврта партија, во која белите фигури ќе ги има актуелниот светски првак Гукеш Домараџу. Предвидени се вкупно 14 партии во трката за титулата во класичен шах, победник ќе биде шахистот што прв ќе освои 7,5 поени, а ако по тие 14 партии биде нерешено, ќе се играат дополнителни партии со забрзано темпо на игра.
На третиот ден, во фан-зоната на програмата беа два настана. Прво, шесткратниот швајцарски шампион Јаник Пелетие одигра пријателски блиц-партии против публиката. Велемајсторот ги одигра сите свои партии со црни борби, победувајќи во пет, а една заврши нерешено, пишува ФИДЕ. Подоцна попладнето, Ана Музичук го коментираше тековниот натпревар за светската титула за публиката и одговори на голем број прашања од гледачите. Н.М.