Пред Собранието на Република Македонија и денеска се одржува граѓански протест против промената на името, во организација на „Македонија блокира“ и „Тврдокорни“.
За време на протестот една девојка извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се качи и да се обрати пред присутните на бината, но демонстрантите на сила ја симнаа, оттурнувајќи ја подалеку од бината.
Во Собранието се уште не е почната собраниската седница за уставните амандмани што беше најавена за денеска во 12 часот. Од собраниските служби засега нема официјална информација кога ќе продолжи седницата.