Рускиот претседател Владимир Путин денеска се закани со одмазда поради украинските напади врз руските рафинерии, објави „Ројтерс.“
– Одговорот од наша страна е неизбежен. Тоа сите треба да го знаат – рече Путин за време на состанок посветен на енергетскиот сектор.
Путин не прецизираше каков ќе биде евентуалниот одговор на украинските напади, ниту кога би можел да следува, но побара подобро обезбедување на рафинериите.
Тој изјави дека Киев продолжува со нападите врз руските рафинерии и покрај, како што тврди, директното барање на американскиот претседател Доналд Трамп тие да престанат.
Путин оцени дека интензивирањето на украинските напади, за кои тврди дека започнале на почетокот на јуни, не може да ѝ нанесе критична штета на Русија.
































