Фото: Фејсбук профил Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил тет-а-тет средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, на која во фокусот биле билатералните односи, унапредувањето на соработката и зајакнувањето на добрососедските врски меѓу двете земји.

По средбата, Мицкоски преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека со албанскиот колега разговарале за продлабочување на партнерството и за заедничките интереси на двете држави.

– Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба, меѓусебно почитување и заеднички интереси – истакна Мицкоски.

Средбата е посветена на продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Тирана и на можностите за натамошно унапредување на соработката во интерес на двете соседни држави.