Фото: Маја Јаневска Илиева

Најниска температура утрово е измерена во Берово, каде што се регистрирани -1 степен Целзиусов. Во останатите градови низ земјава температурите се движат од 1 до 7 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според измерените вредности, во Битола се регистрирани 1 степен, а 2 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица и Лазарополе.

Температура од 3 степени е измерена во Тетово, Прилеп, Велес и Куманово, додека во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци и на Попова Шапка се измерени 4 степени.

Во Претор, Крушево и Маврови Анови температурата изнесува 5 степени, во Охрид и Виница 6, а најтопло утрово е во Гевгелија, со 7 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи од 16 до 21 степен.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.