Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е нормален, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од одрони.

Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ информираат и дека од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.