Фото: Твитер профил / Полска полиција

Полската полиција уапси 19-годишен маж осомничен за напад со нож во близина на комплексот на стручно училиште во градот Остроленка, северно од Варшава. Во нападот, според првичните информации, се повредени најмалку седум лица.

Осомничениот бил приведен во близина на градската плажа, непосредно по пристигнувањето на итните служби на местото на настанот, соопшти Покраинската полициска управа.

 – Полициските службеници од Остроленка приведоа 19-годишен маж под сомнение дека нападнал луѓе со остар предмет во близина на училиште во Остроленка. Првичните информации укажуваат дека седум лица веројатно се повредени – соопшти полицијата.

Полициските екипи остануваат на местото и работат на утврдување на сите околности и текот на настанот.

Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредените или за мотивот на нападот.