Фото: МВР/илустрација

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи и еден повикаа на службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.Џ.(34), О.Е.(21), Н.Т.(20), сите од Скопје, Е.Д.(19) од с.Арачиново, скопско, 17-годишник од с.Студеничани, скопско, С.Д.(65) од Србија, 16-годишник од Велес и Ш.А.(48) од Прилеп, кој возел и под дејство на алкохол, информираше Министерството за внатрешни работи.

– Со активна мерка забрана за управување на моторно возило управувал В.Д.(31) од с.Разловци, делчевско. Додека пак, Д.Г.Т.(24) од Холандија управувал со брзина поголема од дозволената, односно возел 175 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – велат од МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.