Фото: Пиксабеј

Одделот за организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува полициска акција во повеќе градови низ државата, пренесе МИА.

Од МВР информираат дека акцијата е насочена кон сузбивање на кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Подетални информации за преземените мерки и активности, како и за резултатите од акцијата, од МВР најавуваат по целосното завршување на полициската акција.