ВО 5. КОЛО НА ШАХОВСКАТА ОЛИМПИЈАДА
Половичен успех на македонските селекции во 5. коло на 46. Шаховска олимпијада (ШО) во Самарканд (Узбекистан). Македонската машка репрезентација (рангирана 56. пред ШО 2026) загуби со 0,5-3,5 од Бугарија (рангирана 28.). Македонската женска репрезентација (рангирана 75. пред ШО 2026) победи на дуелот со Саудиска Арабија (рангирана 115.) со 4-0. По ова коло, шахистите се на делба од 46. до 94. место со шест бода, но според дополнителниот критериум се на 53. место меѓу 206 селекции. Во водство со по 10 бода се Узбекистан, Индија и Германија. Во 6. коло Македонија вчера играше со Либан (рангиран 92.), по што следуваше единствениот слободен ден на ШО. По 5. коло, Македонките се на делба од 39. до 86. место со шест бода, а според дополнителниот критериум се на 69. место, меѓу 190 селекции. На врвот со по 10 бода се Полска, Кина, Казахстан и Азербејџан (16). Г.И.































