Фото: Фестивал „Силјан Штркот“

Среќни вести

Од 18 до 24 септември во Прилеп се одржува седмото издание на Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Фестивалот беше отворен со претставата „Пинокио“ на НТ Битола. Во рамките на програмата, креативна работилница одржа писателката Ана Јовковска, а дечињата имаа можност да го посетат и Мало Коњари, родното село на Силјан Штркот. Вчера театарот „Арториум“ ја изведе претставата „Мачорот во чизми“. Денеска, пак, ќе се одржи работилница за костими, а во 19 часот ќе има проекција на филмот „Снежана и седумте џуџиња“. Утре од 10.30 часот во киното „Мис Стон“ ќе се одржи настанот „Силјан на час по македонски јазик“ на м-р Јулијана Талеска, а фестивалската завеса ќе се спушти в четврток, со работилница за ликовна уметност и со прикажување на претставата „Љубопитната принцеза“ на театарот „Колозов“ од Скопје.