ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО САМАРКАНД
- Шахистите загубија од Холандија со 1,5-2,5, а шахистките од Аргентина со 1-3
Македонската машка и женска шаховска репрезентација по максималните победи во 1. коло на 46. Шаховска олимпијада (ШО) во Самарканд (Узбекистан), во 2. коло претрпеа порази од повисокорангирани селекции, пружајќи достоен отпор. Шахистите (рангирани 56. пред ШО 2026) загубија со 1,5-2,5 од силната Холандија (рангирана шеста), предводена од Аниш Гири (поединечно рангиран осми пред ШО), благодарение на ремито на Филип Панчевски и победата на Никола Николовски. По две кола, Македонија е на делба од 54-то до 60-то место со два бода (5,5 поени по табли), меѓу 206 селекции (48 селекции имаа по две победи). Во вчерашното трето коло од предвидените 11 Македонија за ривал ја имаше Малта (рангирана 110-та).
– Борбен меч против Холандија, една од најсилните репрезентации на ШО. На втората табла, Златков не успеа да ја стабилизира позицијата и загуби. На четвртата табла, Николовски, по проблемите во отворањето, во критичен момент одлично ја искористи грешката на противникот и успеа да освои цел поен. На првата табла, Ристевски долго време солидно ја контролираше позицијата, но во топовска завршница, под огромен притисок од ВМ Гири, еден од најсилните играчи во светот, не успеа да ја одбрани позицијата. Токму тука можевме да освоиме половина поен, кој ќе беше клучен за конечниот резултат. На третата табла, Панчевски со бели фигури имаше солидна позиција во отворањето, а во одреден момент и одредена предност. Партијата премина во топовска завршница и заврши со реми. Сепак, нашите момци покажаа голема борбеност – ни изјави селекторот ВМ Трајко Недев.
Македонските шахистки (рангирани 75. пред ШО) загубија од посилната Аргентина (рангирана 28.) со 1-3, а единствениот поен беа двете ремија на првите табли. Македонките се на делба од 56. до 71. место со два бода (пет поени по табли) меѓу 190 репрезентации (44 селекции имаа по две победи). Во 3. коло вчера Македонија за противник го имаше Кипар (рангиран на 125-то место).
Македонија – Холандија 1,5-2,5: ИМ Емил Ристевски (2.426) – ВМ Аниш Гири (2.757) 0-1, ФМ Антон Златков (2.422) – ВМ Жорден ван Форест (2.706) 0-1, ИМ Филип Панчевски (2.422) – ВМ Ервин Л`Ами (1.824) реми, ФМ Никола Николовски (2.393) – ВМ Каспер Шопен (2.582) 1-0. Одмораше ИМ Тони Лазов.
Аргентина – Македонија 3-1: ЖВМ Кандела Франциско Гуекамбуру (2.268) – ЖФМ Моника Стојковска (2.080) реми, ЖИМ Анапаола Борда Родас (2.204) – ЖФМ Моника Жежовска (1.990) реми, ЖИМ Ана Лаура Скарси (2.212) – ЖФМ Ивана Манова (1.958) 1-0, ЖФМ Ернестина Адам (2.168) – Сања Трајковска (1.896) 1-0. Г.И.
































