Принтскрин

Учениците од одделенската настава при ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, заедно со своите наставнички, продефилираа низ градските улици по повод Денот на независноста на Македонија.

Во пресрет на 35-годишнината од независноста, најмладите стружани со знамиња, песна и насмевки создадоа празнична атмосфера и го привлекоа вниманието на граѓаните.

Преку дефилето учениците испратија пораки за заедништво, почитување на историјата и љубов кон татковината. Од училиштето посочуваат дека ваквите активности имаат важно воспитно значење, бидејќи чувството на припадност и почитта кон значајните датуми се градат уште од најрана возраст.

Празничната парада беше детски и непосреден начин да се одбележи еден од најважните датуми во поновата македонска историја.

Видео: ООУ „Браќа Миладиновци“-Струга