Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за три денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за шест денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за осум денари за литар, додека мазутот М-1 НС поскапува за 1,591 денар за килограм.
Со новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 97 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 99 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 101 денар за литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 105 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 46,001 денар за килограм.






























