Принтскрин

Институтот за национална историја – Скопје в среда, на 9 септември, ќе организира комеморативен собир во спомен на Јован Донев, кој почина годинава на 71-годишна возраст.

Комеморацијата ќе почне во 11 часот и ќе се одржи во просториите на Институтот.

– Со почит и благодарност ќе се потсетиме на неговиот животен и професионален пат, на неговото научно дело и придонесот кон македонската историска наука, како и на неговиот јавен, општествен и дипломатски ангажман и на трајното наследство што го остави меѓу нас – соопштија од Институтот за национална историја.