Фото: Министерство за образование

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека намалувањето на ученичката кошничка за 15 проценти претставува олеснување за родителите. Таа посочи дека државата обезбедува бесплатни учебници и превоз за учениците, додека дел од општините обезбедуваат електронски уреди, ужина и храна, пренесе МИА.

Јаневска информираше и дека засега не се планира зголемување на износот за студентскиот оброк, бидејќи, според неа, студентите не доставиле такво барање. Таа потсети дека пред две години износот бил зголемен за 20 денари, наместо постепено усогласување од по седум денари годишно.

Во однос на студентските домови, министерката рече дека ревизорскиот извештај покажал недомаќинско работење во неколку домови, за што се известени надлежните институции.