Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна својот познат гол со рака на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, пишува „Би-би-си“. Марадона ја удри топката покрај голманот Питер Шилтон во победата на Аргентина на дуелот со Англија со 2-1 во четврт-финалето. Марадона подоцна го постигна она што стана познато како „голот на векот“ во истиот натпревар, дриблајќи покрај пет играчи на англискиот состав пред да ја проследи топката покрај Шилтон, пишува „Би-би-си“. Дресот што го носеше Марадона за време на истиот натпревар беше продаден за 7,1 милиони фунти на аукција во 2022 година. Н.М.