Фото: Доналд Трамп/ Официјален фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на „Трут социал“ (Truth social)соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред објавувањето на деталите за новите американски економски санкции против Техеран.

Трамп претходно најави почеток на „економска војна и изолација“ против Иран во невидени размери.

Американскиот претседател исто така предупреди дека земјите чии финансиски институции, претпријатија, аеродроми или владини институции го поддржуваат Техеран, ќе мора да бидат подготвени да се соочат со сериозни економски последици.