Фото: Водовод и канализација

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека водата за пиење во градот е безбедна и соодветна за употреба, согласно резултатите од редовните лабораториски испитувања.

Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа, од вкупно 47 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).