КОШАРКА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2029
Кошаркарската репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Жозеп Мариа Берокал, денеска почнува со подготовките за августовскиот циклус од претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, во пресрет на гостувањето в недела во Виена, каде што црвено-жолтите ќе играат со Австрија.
Македонската селекција во овој циклус ќе одигра само еден меч во групата Ф (каде што е уште и селекцијата на Кипар). Натпреварите ќе се играат во три циклуса, во август и во ноември годинава и во февруари в година, а само првопласираната репрезентација ќе се пласира во главните квалификации за ЕП 2029. Селекторот Берокал го објави и списокот со 15 кошаркари. Состав: Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Петар Бошалески, Кристијан Николов и Мозес Рајт. Г.И.


































