Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 40 минути.
Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и доследно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Посебна претпазливост се препорачува на патните правци што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.
Најризични, според АМСМ, се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Возачите се повикуваат редовно да ги следат информациите за состојбата на патиштата и да го планираат патувањето согласно актуелните услови на сообраќајот.

































