Фото: Пиксабеј

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово беше почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 144 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е регистриран со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.