Фото: Принтскрин

Доналд Трамп смета дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е идеален кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори блиски до американскиот претседател.

Трамп даде висока оценка за организацијата на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, нарекувајќи го „најголемото Мундијал досега“. Според него, Инфантино ужива голем авторитет ширум светот и поседува ретка способност да ги обединува луѓето.

Идејата ја потврди и Паоло Замполи, пратеник на Трамп за глобални партнерства и близок пријател на Инфантино, кој истакна дека првиот човек на ФИФА би завршил „одлична работа“ на чело на ОН.