Четириесет и четиригодишна жителка на неготинското село Долни Дисан во полиција пријавила дека била измамена за сума од 49.087 денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица – појаснија од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
































