Медицински совет
Научниците го открија механизмот со кој Алцхајмеровата болест се шири низ мозокот. За тоа е заслужен т.н. протеин арк, кој би требало да помогне во комуникацијата меѓу невроните, всушност, го пренесува токсичниот протеин наречен тау од оштетените во здравите клетки. Откритието го отвора патот за терапии што би можеле да ја забават болеста наместо само да ја отстранат штетата што веќе настанала, како порано.
Истражувачите од Универзитетот во Јута го идентификуваа протеинот арк како клучен носител во ширењето на Алцхајмеровата болест преку мозокот. Тој нормално им помага на невроните да комуницираат едни со други, но студијата покажа дека токсичниот протеин тау го користи токму овој механизам за да се шири од заболените во здравите клетки. Резултатите би можеле да го променат правецот на идните терапии против оваа невродегенеративна болест.
Научниците предупредуваат дека се потребни дополнителни опсежни истражувања, особено кај луѓето, пред откритието да доведе до конкретен третман. Сепак, посочуваат тие, резултатите нудат ветувачка нова цел за идните терапии насочени кон забавување на болеста.
































