Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – СП 2026

  • Центарфорот на Норвешка е четвртиот играч што постигнал барем четири победнички гола на едно СП, трет што постигнува повеќе од еден гол на најмалку три меча… Тој досега постигна 62 гола на 54 репрезентативни натпревари и барем еден погодок на секој од неговите претходни 14 меча за Норвешка

Ерлинг Холанд ја инспирира фудбалската репрезентација на Норвешка за победа на дуелот со селекцијата на Бразил со 2-1 во осминафиналето на Светското првенство (СП), откако напаѓачот на Манчестер сити постигна два гола во второто полувреме.
Ова беше третиот натпревар со повеќе од еден постигнат гол на Холанд на ова СП, што е израмнет трет најдобар ефект на сите времиња во едно издание на светско првенство. Само двајца играчи имаа повеќе такви мечеви на едно СП, и тоа Жист Фонтен од Франција (четири на СП 1958) и Шандор Кочиш од Унгарија (четири на СП 1954), пишува ЕСПН. Тој е и четвртиот играч што постигнал барем четири победнички гола на еден светски шампионат (Гжегож Лато од Полска постигна пет, а Салваторе Скилачи од Италија и Герд Милер од Германија по четири). Првпат во историјата на светските првенства три различни играчи постигнуваат барем по седум гола во едно издание на турнирот (по првите четири меча од осминафиналето по седум погодока имаат Холанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси).
Холанд постигна 62 гола на 54 репрезентативни натпревари, со просек од еден гол на секои 71 минута, само шест од тие гола беа од пенал, а напаѓачот постигна гол во секој од неговите претходни 14 натпревари за Норвешка, постигнувајќи 27 погодока во таа серија, пишува „Би-би-си“.
Седумте гола на Холанд на СП 2026 се најмногу постигнати од фудбалер што дебитира на светско првенство од времето на Лато во 1974 година (седум гола), пишува ЕСПН. Холанд постигна седум гола од само 18 шута на годинашното Светско првенство (39 отсто), и тоа е најдобриот процент на конверзија (од барем 15 удари во голот) на едно светско првенство од Гари Линекер од Англија во 1986 година (шест гола од 15 шута, 40 насто), пишува ЕСПН. Н.М.


СП 2026

1/16-ФИНАЛЕ
Германија – Парагвај 1-1 (3-4 п.)
Франција – Шведска 3-0
Јужна Африка – Канада 0-1
Холандија – Мароко 1-1 (2-3 п.)
Бразил – Јапонија 2-1
БСК – Норвешка 1-2
Мексико – Еквадор 2-0
Белгија – Сенегал 3-2
Англија – ДР Конго 2-1
САД – БиХ 2-0
Шпанија – Австрија 3-0
Португалија – Хрватска 2-1
Швајцарија – Алжир 2-0
Австралија – Египет 1-1 (2-4 п.)
Аргентина – Зелено`ртски О. 3-2
Колумбија – Гана 1-0

ОСМИНАФИНАЛЕ
А. Канада – Мароко 0-3
Б. Парагвај – Франција 0-1
В. Бразил – Норвешка 1-2
Г. Мексико – Англија 2-3
Д. Португалија – Шпанија синоќа
Ѓ. САД – Белгија 2 ч.
Е. Аргентина – Египет 18 ч.
Ж. Швајцарија – Колумбија 22 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
1. Франција – Мароко четврток, 22 ч.
2. Победник Д – Победник Ѓ петок, 21 ч.
3. Норвешка – Англија сабота, 23 ч.
4. Победник Е – Победник Ж недела, 3 ч.

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 14 јули, 21 ч.
Победник 3 – Победник 4 15 јули, 21 ч.