Илустрација / Фото: МВР

До 12 часот денеска на територијата на државата се евидентирани седум пожари на отворен простор, од кои пет се сѐ уште активни, а два се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на неколку локации низ земјава. Во општина Шуто Оризари, кај „Џиди комерц“, гори ѓубре и сува трева. Во општина Старо Нагоричане, кај селото Ругинце, огнот зафатил ниска вегетација, стрниште и сува трева.

Шумски пожар е регистриран и во селото Сретеново, во општина Дојран.

Два активни пожари има и на територијата на Велес. Покрај автопатот Велес–Штип, во близина на Чолошево, гори ниска вегетација и сува трева, додека на градската депонија е зафатено ѓубре.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожари. Едниот бил во близина на училиштето во селото Житоше, општина Долнени, каде гореле сува трева и ниска вегетација, а вториот во атарот на битолското село Кукуречани, каде горело ѓубре.