Фото: Архива на НМ

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски, забележа уште една победа на ИТФ М25 турнирот во Загреб, Хрватска. Нашиот најдобар тенисер успешно ја мина и втората пречка во поединечна конкуренција откако го совлада Павлос Циципас (братот на познатиот грчки тенисер Стефанос Циципас) со резултат 7:6, 7:5.

Покрај Ивановски, во Загреб победа забележа уште еден македонски репрезентативец, Олег Приходко, кој е и прв носител на турнирот. Тој го совлада украинскиот претставник Хлеб Секачов во три сега 6:0, 4:6, 6:4.

Попладнево Калин Ивановски ќе настапи во двојки со Амар Хусеиновиќ против аргентинско-полска комбинација, додека Олег Приходко ќе игра заедно со Андреј Чепелев против чешка двојка, која е четврти носител во игра на двојки.