Фото: МЕРМС

Реформската агенда претставува врвен приоритет на Владата, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформските процеси во тесна соработка со институциите и меѓународните партнери, порача министерката Сања Божиновска на состанок на високо ниво со претставници на ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Состанокот се одржа во рамки на мониторинг мисија посветена на статусот на WBIF портфолиото во земјата. На него учествуваа високи претставници од повеќе министерства и институции.

Во фокус на разговорите беа Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст, како и проектите кои се во фаза на имплементација и се финансирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Министерката Божиновска информираше за напредокот на тековните и планираните активности, нагласувајќи дека реализацијата на Реформската агенда останува еден од клучните приоритети на Владата.

Таа истакна дека Министерството ќе продолжи со спроведување на реформите на одговорен и транспарентен начин, во координација со домашните институции и меѓународните чинители.

На состанокот беа презентирани и предизвиците во реализацијата на одредени проекти, како и можни решенија за нивно надминување.

Во рамки на мониторинг мисијата се предвидени серија состаноци и теренска посета поврзана со проектот за изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во градот Скопје.