Фото: ЕПА

Оман соопшти дека во координација со Меѓународна поморска организација (ММО) воспоставил привремен поморски коридор за бродовите кои сакаат да поминат низ Ормуски Теснец.

Според оманските власти, пловните објекти што ќе сакаат да го користат коридорот ќе треба да ги следат насоките и координатите утврдени од ММО и надлежните институции на Оман.

Мерката е воведена со цел да се обезбеди непречена и безбедна пловидба низ еден од најзначајните светски поморски премини, преку кој се одвива голем дел од глобалниот транспорт на нафта и други енергенси.

Од Оман нагласуваат дека иницијативата е во согласност со меѓународното поморско право и има за цел да ја гарантира слободата на навигација низ мореузот.

Воедно, беше посочено дека користењето на привремениот коридор нема да биде предмет на дополнителни транзитни такси, во согласност со принципите што ја регулираат слободата на пловидба на меѓународните морски патишта.