Фото: Ка.М

Тетарот „Војдан Чернодрински“ за претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во
режија на Дејан Пројковски, се закити со пет награди на годинашниот, 60 – ти јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградата за режија ја доби режисерот Дејан
Пројковски, наградата за машка улога „Кирил Ристоски“ ќе му биде врачена на
Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлив, наградата за млада актерка и се доделува на Сара Спиркоска за улогата на Неда, наградата за сценографија ја доби Валентин
Светозарев, а Марија Папучревска, за костимите. Ова е одлуката на жири комисијата
во состав Снежана Коневска Руси – претседател, Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ, која ги
додели и останатите награди на фестивалот.

Претставата „Страв и надеж “, во режија на Татјана Мандиќ, на МНТ е
најдобрата претстава во целина на фестивалот и според жирито била комплетна
претстава, и во неа виделе компактност на сите сегменти.

Награда за главна женска улога се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на
Констанца во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.Награда
за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Александар Степанулески
за улогата на Симон во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар
Скопје. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се додели на Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.

Награда за женска епизодна улога се доделува на Билјана Драгичевиќ Пројковска за улогата на Марија во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје.

Награда за музика „Филип Стевановски“ се доделува на Ирена Поповиќ Драговиќ за
музиката во претставата „Страв и надеж“ во изведба на НУ МНТ Скопје.
Жирито не додели неколку награди и тоа за рекламен материјал, за
кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација, за современ драмски текст.

Актерката Сара Спиркоска, која ја доби наградата за ликот на Неда не го
криеше своето задоволство.

– Под импресии сум, и превозбудена и благодарна на сите режисери со кои
соработував, а на фестивалот бев присутна во три претстави. Особено сум среќна,
особено како невработен актер да бидам на сцената. Благодарност до прилепскиот
тетаар што ширум ми ги отвори вратите. Пресеќна сум што „Црнила“ доби награди , а
беше голем предизвик да се игра улогата на Неда и сите други, кои беа различни, што
беше едно богатство за актер да биде во толку различни процеси – рече Спиркоска, по
соопштувањето на наградите.

Михајло Миленкоски, раководител на театарот „Војдан Чернодрински“,
честијајќи го јубилејот на фестивалот, истакна дека кога се работи со љубов успесите
се постигнуваат.

– Пет наградаи- пет е успех. Немаме театарска зграда, си направивме простор и
тој ни донесе успех. Имаме убава претстава. Зградата не прави театар, прават луѓето.
Се додека има луѓе кои работат со љубев, кои се околу театарот, ќе има сцена.
Театарот имал падови и воскреснува – рече Михајлоски.
Ументичкиот директор Ана Стојаноска рече дека било задоволство што се
овозможило осум дена да има интензивен театарски живот, при што се видел
македонскиот театарски живот.

Јубилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ завршува вечерва во ЦК
„Марко Цепенков“ во Прилеп од 19 часот, со доделувањето на наградите и со
изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер
Фрљиќ, на Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште),
најактуелната претстава во регионот.

Каролина Мицевска