БОРЕЊЕ – ЈУБИЛЕЕН 50. „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“

Македонскиот борач Омер Мемеди (тежинска категорија до 97 кг) го освои трофејот „Македонски бисер 2026“ на јубилејниот 50. турнир, кој се одржа во саботата во градот на борењето, Радовиш, и на кој беа видени многу интересни борби на душекот. Мемеди во финалната борба по многу возбудувања славеше на дуелот со вториот македонски претставник и репрезентативец со ерменско потекло, Адам Модосјан. Ова беше една од најатрактивните борби со многу пресврти што беше видена во турнирот Радовиш.
Расул Шапиев (79 кг), пак, кој има руско потекло, беше прогласен за најдобар македонски борач, кој имаше одличен настап во финалето со Молдавецот Мариус Ретко. Раду Лефтер од Молдавија, која настапи во мошне силен состав, е прогласен за најдобар странски борач. Тој во финалната борба беше подобар од претставникот на Романија, Омар Сарем. На турнирот настапија околу 80 борачи од над 10 земји. Г.И.