Американскиот претседател Donald Trump денеска изјави дека Ормуска Теснина ќе остане отворена за меѓународна пловидба, без оглед на исходот од преговорите со Иран.
-Ќе ја набљудуваме, но никој нема да ја контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водам – изјави Трамп, осврнувајќи се на стратешки важниот поморски премин низ кој поминува голем дел од светскиот транспорт на нафта и гас.
Тој додаде дека Вашингтон во моментов не разгледува можност за ублажување на санкциите против Иран, задржувајќи го цврстиот став кон Техеран и покрај тековните разговори.

































