Фото: Пиксабеј

Кубанскиот претседател, Мигел Диас-Канел, ја нарече „неморална, незаконска и криминална“ американската политика, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави дека вршат притисок и заплашување врз трети земји кои сакаат да и продаваат гориво на Хавана.

Диас-Канел изјави дека мерките претставуваат „нафтена блокада“ што сериозно ги ограничува испораките на енергенси кон островот и доведува до строги економски рестрикции.

Според извештаите, Куба нема добиено нова испорака на нафта од крајот на март, кога рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ достави околу 700 илјади барели сирова нафта, што е количество за покривање на потребите во државата за две седмици.