Жена претпладнево е повредена кога во неа удри автобус кај Железничката станица во Скопје.
Сообраќајката, како што изјавија од МВР за МИА, се случила на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ на потегот од Железничката станица кон Аеродром.
Повредената жена, која според првичните информации, има околу 50-тина години, е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Случајот во полиција е пријавен во 11.15 часот.