КАРАТЕ
Вкупно 11 каратисти ќе ги бранат боите на Македонија на престижниот карате-турнир од Серија А, кој од денеска до недела треба да се одржи во шпанскиот град Ла Коруња, на кој се пријавени вкупно 1.258 каратисти од 83 држави.
На татамите, од Македонија во женска конкуренција, сите во борби, ќе се натпреваруваат Рудина Алиу (категорија до 55 кг), Магдалена Божиновска (до 55 кг), Михаела Мишовска (до 55 кг), Ива Пецевска (до 55 кг), Вероника Костовска (до 61 кг), Јована Мицовска (до 61 кг), Викторија Јовановска (до 68 кг) и Ердона Зибери (над 68 кг). Во машка конкуренција, исто така во борби, ќе настапат Реџеп Рушити (до 84 кг), Стефан Стојановиќ (над 84 кг) и Петар Заборски (до 75 кг).
Македонскиот репрезентативец, член на КК Олимпик, Матеј Белистојаноски, во категоријата до 68 кг освои златен медал откако забележа вкупно шест победи на татамите на ваков турнир од Серија А, кој се одржа во Тбилиси (Грузија), во јануари годинава. Тогаш настапија 14 македонски каратисти. Г.И.
































