Вјоса Османи денеска го завршува својот петгодишен мандат како претседателка на Косово, по што функцијата привремено ќе ја преземе Албулена Хаџиу, актуелна претседателка на парламентот.
Како што е најавено, примопредавањето на должноста ќе се одржи во Претседателството во Приштина во 16.00 часот по локално време.
Хаџиу ќе ја извршува функцијата како вршител на должност претседател, со оглед на тоа што парламентот сè уште нема избрано нов шеф на државата. Според процедурите, таа може да ја врши оваа функција во период до шест месеци.
































