Капитализам (3)
- Во иднина можеби ќе имаме „бескласен капитализам“ – само богати и среднокласни. Засега тоа е утопија на поединци – Фредерик Стерн, Олстром, Адлер, Бекер, Раулс, Келзо, Фукујама, Доналд Вајс, Де Леспиназе и експериментот „Алјаска “
- Која е иднината на капитализмот? Математика! Што е кибер-дефиниција на капитализмот? Како Нилс Бор – јадро и орбита. Јадрото е производство, а сѐ друго е орбита (општество, идеи, конфликти…). Нови математички методи и АГИ ќе бидат претворање комплексни проблеми во прости. Роботи – повеќе од луѓе во релација со космосот
Зошто да учиме за капитализмот? За ориентација во реалноста. Кога станувам, сум капиталист, а кога легнувам – социјалист. Што сме ние – клонирана артифициелност. „Екстракт“ од вештачки ѓубрива! Какви ѓубрива? Благодарение на најважното откритие – од нобеловците Фриц Хабер и Карл Бош, метод за производство на вештачки ѓубрива, светското население се зголеми тројно. Без ѓубрива, бројот на луѓе би бил помалку од 3 милијарди. Зошто и ние не произведуваме? Од фирмата на Хабер-Бош настана картелот „ИГ Фарбен“. Кога дојдоа нацистите го произвел гасот „циклон Б“, со кој се убиени милиони Евреи. Иронично, Хабер бил Евреин, а и нобеловецот Ото Варбург, кој го измисли цијанидот во „ИГ Фарбен“. Капитализмот изненадува. „ИГ Фарбен“ е картел од над 2.000 најмоќни фирми во светот, без кои Хитлер не би можел да сонува за неговите шизомилитаризми. Денес тоа е Персискиот Залив – чудо, нели? Фарбен држел маса фирми – Tysen, Krupp, Porche, DuPont, Federal Reserve, Alcoa, Dow Chemical, Bayer, Hoecht, Agfa… Произведувал гориво за тенкови, авиони, експлозиви, асфалт, ги контролирал и странските фирми – за сите хемикалии, нафта, лекови, метали, електрицитет, оружја, а се сомнева и за нуклеарен материјал. Прашање: Како нацистите направиле „ИГ Фарбен“ да биде најмоќна фирма-картел во светот? Дали владите на САД, Британија и други не знаеле за инволвирањето на нацизмот? Чемберлен бил марионета на Хитлер, а денес цела Европа се Чемберлени. Фабриката „Фарбен“ била со логорот Аушвиц – дали е тоа формула за успех? По војната, најголем дел од директорите останале бивши нацисти. Добро е да знаете – Валтер Халштајн (проминентен нацист, правник и раководител на „ИГ Фарбен“) му бил советник на канцеларот Аденауер, „архитект“ на идната ЕУ во Римската спогодба од 1957 г. и прв претседател на ЕУ-комисијата. Секако, си имал своја „тајфа“: Гаетано Мартино, Антоан Пинеи, Карл Опуелс, Фриц Тир Миер, Карл Вирстер, Хелмут Кол од БАСФ, Ханс Глобке – сите бивши нацисти. Потоа се поделила, но повторно со управа од многу нацисти. Во НАТО, 31 од првите генерали биле нацисти – интересно, нели? Мммм, имаме ли денес нацизам? А што е Израел? Дериват од антисемитизмот, ционизмот (коментаторите немаат поим што е), експериментално општество, Библијата, капитализмот, комунизмот, геноцидот и математика. Редуциран е во приврзок на империја – Америка. Иран од пријател го направи непријател. Сега е експериментална војна – бул… Манифестацијата на неолиберализмот во ЕУ бара „строгост“ – сила, скриена рака, скриен фашизам како „ограда“ за своите теории (така велат нобеловците Фридман, Хајек, Бјукенан). А зошто Трамп е во колизија со европизмот? Си бара подобар партнер! Всушност, тоа е излез кон „суверенизам“ (МАГА) од „неолиберализмот“ на ЕУ, кој е „длабока држава“ – апендикс од тачеризмот, макронизмот итн. Етиката на нацизмот (нормативна, метаетичка и практична) е паѓање на морбидно ниво. Денес се камуфлира со пропаганди, лажно сочувство кон „сиротите“ џихадистички народи, вклучително и во бивша Југославија. Во ЕУ можеле да влезат само тие што имале имот (влог). „Фрагментите“ на „ИГ Фарбен“ биле најбогати, па тие се ЕУ. Трамп само сака да го „вшмука“ нивниот имот. И сега што ќе речете за ЕУ? Какво мислење ќе имате за етиката на модерниот капитализам? Сепак, фасцинантно е дека за шестте први години на Хитлер (1933-1939), Германија од тотално разорена земја успеа да се изгради во најголема сила. Кои се факторите за тоа? Според нобеловецот Милтон Фридман, за жал, тие фактори за молскавично брз развој се диктатура, страв, напор, мотив за војна, наоѓање инвестиции со манипулации на Х. Шахт (брзи заеми, големи заеми од САД и брзи реализирања, деноноќна работа, МЕФО-програма). Потоа купување надворешни фирми, договор со Сталин (ги искористил неговите ресурси плус железо) и на крајот – пљачкање на Евреи, Руси, Полјаци и други заробени народи и робовска работа. Според истиот Фридман, делумно и во Кина брзиот развој се должи на факторите – нема партии, нема демократија, тирански систем, имање ресурси и ум! А Северна Кореја? А Иран утре? Во комунизмот и ние имавме поголема ефикасност – фабрики, земјоделство (со скриена експлоатација), фертилизација, амелиорација, извоз и одредени политики (неврзаност, добри односи со двата блока – за кредити и неповратни средства, огромен пазар низ целиот свет). Нѐ упропастија фактори како шовинизам (до нацизам), негативна кадровска селекција, експерименти – национализам, искривеност на историја, психологија на сепаратизам, инфилтрирање странски разузнавачки служби и државоцид. Службите се нов моќен фактор за разорување држави. Од еден аргентински економист научив дека ако една држава сака мегаразвој (вселенски програми, наука, медицина, ретки метали, компјутери), треба да има над 90 милиони жители. Што правиме ние? Нашиот пат беше расцепкување поради преферирање на национализмот. Резултатот е „квазисуверенизам“, редукција на населението и капацитетите. Војната во Југославија е десант – промена на системот. Егзодус од марксизам во либерален капитализам. Догми на марксизмот што се укинати се: колективна сопственост („сопственост е кражба“, велел Прудон), диктатура на пролетаријатот, унипартиски систем, антиексплоатација, самоуправување, братство-единство (фримасонска идеја), теории за дијалектика, историски материјализам, класи, производство („средства во рацете на работниците“), едукација (државна, идеолошка, контролирана), аспекти на фамилијата со прохибиција на ЛГБТ, „народна“ армија, неврзаност (беше „асиметрична“ со инклинација кон Советскиот Сојуз и „третиот свет“), индустриски архипелаг од фабрики итн. Значи, доминираа диктаторски режим, контрола, управна економија, бескласност (релативна), слободи на говор и дејство (ограничени) и контрола на односите со странство. Што сме сега? „Тинтири-минтири капитализам“ (извинете)!
Капиталистичкиот либерализам има три фази: 1) класична на Адам Смит, Лок, Кант (имот = слобода = метафизика), 2) модерна на Кеинс и 3) неолиберална на Фридман, Хајек, Маргарет Тачер, Реган, Обама и Трамп. 1) Класичната на Адам Смит (доцен 18 век) е следната низа: одбрана на приватен капитал, минимална интервенција, „невидлива рака“ (на саморегулација), профит, акумулација, потоа постфранцуска револуција – индустрија, „лесе-фер“, златен стандард, закони, масовен раст, сиромаштија (романите на Виктор Иго, Дикенс, подоцна Џек Лондон, в. понатаму). Всушност, тоа е антиројализам на Франција, САД, Јужна Америка, подоцна СССР (царот е ликвидиран затоа што бил за автономна економија и против централни банки). Потоа е републиканизирана и Кина. Хм, интересен е механизмот на доаѓање на комунизмот. 2) Еве една серија на имиња за подоцнежниот класичен или „модерен“ либерализам – Кеинс, Рузвелт, Барон Кан, Хикс, Хансен, Робинсон, Ранд, подоцна Самуелсон (миксна економија), Голбрајт, Модиљани, потоа е низата на современи: Кригман, Стиглиц, Бланчард, Самерс, Гали, Манкив, Ромер, Давидсон, Остром, Вилијамсон, Кин, Ацемоглу, Чернева… 3) Неолиберализмот теоретски постои одамна (Монт Пелерин), а се реализира по 1972 година. Промовира моќни принципи на: пазарна супремација, дерегулација, слободен пазар, намалено влијание на влада и држава, слободни цени, монетаризам, намалени даноци, намалени државни трошоци, масовна приватизација, маркетизација на државен имот и индивидуализација. А последиците што ги гледаме се: зголемена разлика на сиромашни и богати, сиромаштија, „балон“-кризи (2008, сега), незадоволство, нуз-феномени (екстремизам, џихадизам, фашизам, шовинизам, конфликти), декаденција, корпоризација, криминал, хипердигитализација, трансхуманизам, пад на одговорноста и војни… Неколку познати филозофи автори на неолиберализмот (за заинтересираните) се: Харвеј, Фуко, Браун, Хан, Фрајзер, Фишер, Пикети, Клајн, Слободиан, Стрик, Малм, Орескес…. Дали е крај на неолиберализмот? Да видиме!
Сиромаштија, по дефиниција на Светската банка, е индивидуа што има под 2,15 долари дневно, значи близу 1 милијарда луѓе во светот. „Поднослива“ сиромаштија е под 6,8 долари/ден, односно речиси 4 милијарди во светот. Таа е застој на светот. Сиромаштијата повлекува болести, депресија, глад, насилство, проституција, отфрленост, бездомност, убиства, дрога, алкохол, дури и канибализам (дали ја гледавте серијата „Џек Мевосек“ на „Хистори ТВ“?). Зошто бедата е голема во најсилните држави? Закон на асиметрија? Во иднина можеби ќе имаме „бескласен капитализам“ – само богати и среднокласни. Засега тоа е утопија на поединци – Фредерик Стерн, Олстром, Адлер, Бекер, Раулс, Келзо, Фукујама, Доналд Вајс, Де Леспиназе и експериментот „Алјаска “.
Која е иднината на капитализмот? Математика! Што е кибер-дефиниција на капитализмот? Како Нилс Бор – јадро и орбита. Јадрото е производство, а сѐ друго е орбита (општество, идеи, конфликти…). Нови математички методи и АГИ ќе бидат претворање комплексни проблеми во прости. Роботи – повеќе од луѓе во релација со космосот. Пролиферации на материјална циркулација, комуникации и миграции. Хјубертовата крива (горе-долу) важи за луѓе и ресурси. Императив на АГИ ќе бидат – образование, медиуми и креативност. Работничка класа ќе бидат машини. Иднината на АГИ се постлабор-економија, метавредности, постсопственост, постдефлација и постдржава. Време е за нови сингуларности. Што треба да учат децата? Иновативност и метакреација, пред сѐ. Потоа, секако, и адаптација на акцелерации, заработување, филозофии на иднината и преживување.
За крај да поставиме некои прашања. Знам дека едно ќе кажете во јавност, а друго во себе. Важно е мислењето. Вашето мислење. Дали сте повеќе задоволни од овој систем? Дали сте „југоносталгичар“ – „евроносталгичар“? Дали вистински ги разбирате термините „суверенизам“ и „неолиберализам“? Зошто некогашните комунисти се сега „големи“ прокапиталисти? Зошто царува мафијата? Дали (искрено) би се жртвувале за државата? Што мислите (искрено) за украинската војна? Што за блискоисточната? Дали сте за ЛГБТ? А за брак со друга раса или вера? Што со религиите? Што со културата? Можни ли се интерегзистенција и мултиегзистенција?
(крај)
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио































