Капитализам (2)
- Основна дивиденда и во капитализмот е земја – земјоделство, кои ги забораваме! А имотот е асиметрија – нееднаквост, класи. Покрај лугалот во Месопотамија, во Египет е фараонот. Тој има сѐ и им дава на другите – „кралски трибун“ (Royal Tribunes). Која стока е најважна? Прво робовите, па бакарот и златото. Потоа доаѓаат овесот, говедата, пивото, каменот итн. Повеќе стока – повеќе производство (Самуелсон-Хикс). Овие „низи“ се враќаат денес (сѐ е круг) – размислете!
- Светите браќа Кирил и Методиј се умодарители на Балканот-Кавказ-Моравија-Украина-Русија, а сега таму гори и ќе гори кочијата Езекилова – ангели божји. Парите се мисла, код што го покри светот. Место робови, имаме армии од бездомници, хомоидни нули. Бедата создава идеи – просветители, анархизам, социјализам, комунизам и фашизам
Дали капитализмот е езотерична творба, кабализам, херметизам, дали има врска со Библијата, суфизмот, хиндуизмот или трансхуманизмот? Дали е квантна ера? Сето тоа. Во тинејџерството имав интерес за примитивните племиња и нивните места во книгите на Џек Лондон, Фон Хумболт, Наполеон Шагнон, Леви-Штрос и Риверс – посебно племиња во Амазон, притоките Ориноко, Рио Негро, Ксингу, Мадре Диос, Непо, па Соломонските Острови, Папуа и Африка, сонувајќи дека ќе одам некој ден и ќе го видам најпримитивниот „жив палеолит“. Некои дури сѐ уште се канибалисти (Короваи – Папуа, Тупинамба – Амазон, Форе, Фиџи, Маори, Тупинамба, Њари, Ацтеки, Диак). Други важни се Корубо, Јанамоно, Матсес, Адиваси, Сан, Маасаи, Амазиг, Мачо Пиро и илјадници тотално изолирани. Огромни количества злато има во некои нивни острови, но за нив тоа не е важно. Може да станеш богат – ако не те изедат. Е па, капитализмот е ризик! Живеат во групи, покрај реки, џунгли, планини или пустини. Талкаат, со или без огин, стапови, лакови-стрели и чамци. Мали заедници се. Напаѓани се и напаѓаат. Имаат или немаат водач (шаман). Важно – имаат нормални когнитивни способности. Страдаат од инфекции и напади. Веруваат во животни (анимизам), растенија, објекти (планини, камења, реки, клима, ѕвезди), духови, демони, вуду, дроги (јакоана, јопо), ритуали и ритам. Сето тоа се „живи суштества“. Немаат букви, но бројат до еден, два и многу. Поназадни се од пештерскиот човек, бидејќи неолитот развил цртежи, броење, проста математика, комплексно приготвување храна, размена, поделба на трудот, алатки, оружја и почетни градби. Фундаментални прашања се: Ако имале нормална интелигенција и ресурси, зошто не развиле капитализам? Зошто личи на социјализам или комунизам? Зарем немало желба за имот? Да, екстремно „немање“ го кочи поимањето за имот. За разлика од пустиниците, монасите и аскетите, овие племиња формираат групи – прва фаза на „капиталистички“ морфизми – труд, поделба на трудот. Други поделби се мажи-жени, старци-деца, атлети-неатлети. Подоцна се тие што „имаат или немаат“. „Има-нема“ е формула за сите цивилизации. Друг предуслов е свеста. Таа е „пластична“, може да се моделира (епигенезис) и да прима нови инпути и кодови (ДНК-анализи – Catherine J. Pena, Trevor Cousins 2025). Дали капитализмот имплицира ДНК-основа? Не верувам. Накратко, капитализмот ги имплицира следните фактори – интелигенција, свест, вода, група, труд, градба, поделба на трудот, интерес, себичност, лидер, агресија и – литерарност. Значи, капитализмот е романтика и мака. Во мозокот овие се т.н. „лимбикус“, амигдала, стриатум и кортекс. А земјата како фактор е почеток на историјата (теории на историја, историски материјализам, филозофија на економската историја). А судбина? А коцка? А вера? А држава? Подоцна. Што е историја? Бог, судбина или физика? А експлоатација? Чекај бе, чекај, одма скокаш! Па, право кај Маркс. Кој е Маркс? Маркс е „гатач“ од 19 век, кој капиталистите го ставаат во амнезија. Што направил тој? Нешто како ЧетГПТ – огромна база на податоци (мегакомпилација) – од предисторија, Аристотел, Аквинас, Данте, Спиноза, Макијавели, Либиг, Адам Смит, Дејвид Рикардо, Мил, Малтус, Тиери, Гуизо, Прудон, Комт, Фоербах, Дарвин, Бауер, Библија, Шекспир, Русо, Балзак, Хегел, анархисти, Кант, хегелијанците, утопистите, социјалистите, просветителите, Хес, Париската комуна, Елизабет Дмитриеф, па „постхумно“ и овие модерниве (огромна листа, плус нобеловците). Сугерирам да го читате. Тој е и во курикулумот на Самуелсон (нобеловец, татко на американската економија). Предвидел дека во светот прво ќе има марксисти, па антимарксисти и на крајот сите ќе ги купи црвениот капиталист – Кина.
Значи, „примитивците“ бараат вода – пред сѐ реки. Мориња не бараат – освен подоцна Феникија, Картагина, Рим, а сега – сите. Империја е ширење од реки кон мориња. „Примордијалците“ се низ реките (четири библиски плус Подунавје, северните и сите што ги знаете низ светот). Реките се архетипови на цивилизациите. Најчесто одат „вертикално“ (север-југ), а поретко хоризонтално (Амазон, Дунав, Жолта Река, дел од Амур). Така одат и миграциите, стока, пари, војни – значи капитализмот. А парите се меѓу паралелите 30 и 50 на северната хемисфера, апроксимативно. Архебионите одат од Африка и Европа кон Азија. Чудно – исто како птиците и тектонските случки. Првите „собирачи-ловци“ слегоа од планините-шумите до реките. Таму научија да копаат, па од калта излегоа житото и тулите. Значи, капитализмот е географија и клима. Од тулите изникнаа куќи, канали и храмови „зигурати“, каде што чувале храна и злато. Поделбата на трудот расте – земјоделци, градежници, трговци, хранопроизводители, свештеници и, секако, кралеви (лугали). „Ecce divitiae“ – ете ти богатство, а и зборот дивиденда значи имот. Значи, основна дивиденда и во капитализмот е земја – земјоделство, кои ги забораваме! А имотот е асиметрија – нееднаквост, класи. Покрај лугалот во Месопотамија, во Египет е фараонот. Тој има сѐ и им дава на другите – „кралски трибун“ (Royal Tribunes). Која стока е најважна? Прво робовите, па бакарот и златото. Потоа доаѓаат овесот, говедата, пивото, каменот итн. Повеќе стока – повеќе производство (Самуелсон-Хикс). Овие „низи“ се враќаат денес (сѐ е круг) – размислете! Саргон во војна користел говеда, а коњи вовеле Асирците. Со брзината доаѓа и победата. Кој е најважен? Робовите и филозофите. Робовите се живот, а филозофите иднина. Кој би бил Александар без филозофи? Робовите се крвава поминатост, а филозофите се вечни – пишуваат. Филозофите се робови на идеи. Но робовите се број еден. Робовите се машини за живот, сила, забава (гладијатори – дериват на архесатанизмот) и вишок. Вишокот прави капитал. Вишокот прави историја. Ако денес се собере сѐ што создале робовите за илјадници години, метрополите ќе се засрамат. Зошто фараонот го гонел Мојсеј? Па, за да ги врати робовите. Зошто се војните на Рим? Робови, злато, земја (денес плус нафта и вода). Важно: силните водачи собираат „маса“. Саргон, Александар и Цезар собрале војници, Маркс – пролетери, Ленин – болшевици, религиите – верници, Тито – „неврзани“, Путин го гради БРИКС, Трамп ги нема, па сака да се „здружи“ со Путин. Има ли денес робови? Потоа царот е заменет со лидер. Како се добиваат робови? Со војна и продажба. Ако една држава во антиката немала робови, ќе измислела војна или ќе исчезнела. Правда? Тоа го измислија еврејските и хеленските филозофи како вовед во капитализмот. Има ли правда? А вистина? Вистината е сок од невистини. По срамот од робо-користењето, капитализмот измисли машини. Машината е математика на метали и иновации. Тие се иден капитализам. Дали машините како „робови“ може да дигнат револуција? Може и да се здружат. Дали е БРИКС почеток на таа револуција? Ммм… да оставаме за другпат.
Мало квисче: кои се Еа Назир, Лу-Енлила, Гудеа, Егиби, Мурашу? Уф, тоа се сумерски и акадски „милијардери“, антички Ротшилди и Ларифинкови. А зошто би ги знаел? Па, тие се античките „банкари“, ги „поседувале“ државите, земјата, градбите, рудниците, робовите, војската… прапрадедовци на старите и новите империи. Имињата „отишле“, но методите останале – човек врз човек. Ротшилди се проекти на античките и средновековните поседници. Конфликтите денес се „средувања“ на античките сметки со сегашните. Везирот Јосиф, внук Абрахамов во Египет, предвидел циклуси – седум години богатство со седум години суша-глад, а таа теорија ја прифатиле нобеловците Самуелсон и Кузнец. Циклусите прават лом – економски кризи, револуции, светски војни и Европа денес. Ја прашав еднаш мајка ми дали сум јас потомок на гладијатор или трговец со гладијатори на Балканот. „Трето“, рече таа, „рабини – кои оделе по светот!“ Дали рабинот е капиталист? Рабинот е – ако не можеш со пари, прави со ум! Потоа рабините станале папи, муфтии, калифи… фабрики на ум, војни, морал, ама и антиморал!
Итаме во т.н. среден век. Почеток е крајот на Рим, а крајот е откривањето на Америка. Христијанството ја покри Европа, а Монголците Азија и дел од Европа. Огромен инпут на злато индуцира кумулациски изуми – банки („бенч“ е клупа во Венеција), а ликвидноста – берзи, а потоа меници, машини, Сити-Лондон, Амстердам, Њујорк и централни банки (банка матица, односно банка на банките). Со појавата на исламот, дирхамот го заменува денарот односно злато за сребро. Нови „ангели“ се Карло Велики, Гибелини и Гвелфи, а потоа крстоносците, Ричард и темпларите. Кумулираат злато, кое подоцна се излева во ЕАК (East India Company). Тоа е време на колонии, опиум, чуми, протестантизам, наука и четирите империи: монголска, отоманска, британска и мигрантска. Светите браќа Кирил и Методиј се умодарители на Балканот-Кавказ-Моравија-Украина-Русија, а сега таму гори и ќе гори кочијата Езекилова – ангели божји. Парите се мисла, код што го покри светот. Место робови, имаме армии од бездомници, хомоидни нули. Бедата создава идеи – просветители, анархизам, социјализам, комунизам и фашизам.
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
(продолжува)
































