Фото: Пиксабеј

Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица „Метропол“, како и празнење на главниот доводен цевковод со профил 711 милиметри, од утревечер после 22 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа.

Истовремено од Јавното претпријатие „Водовод “ посочуваат дека задутре, во среда 1 април, од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности.