Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година

• Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра.

• Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на Друштвото и претставува распределба на 50% од нето-добивката на Групацијата Триглав за 2025 година.

• Се очекува известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав да биде објавено на 23-ти април 2026 година, а Годишнто собрание е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Наша цел е да обезбедиме акцијата на Триглав да остане стабилна, профитабилна и сигурна инвестиција што ги исполнува очекувањата на акционерите, вклучително и преку нејзиниот дивиденден принос. Оваа година, предложивме распределба на дивиденда во износ еднаков на половина од минатогодишната консолидирана нето-добивка, што е во согласност со дивидендната политика. Во моментов, тоа претставува приближен дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG, што е над просекот за европските осигурители. Овој предлог, на избалансиран начин ги зема предвид сите цели на дивидендната политика, вклучително и остварувањето на високите амбиции во однос на развојот и растот на Групацијата Триглав во стратешкиот период. Истовремено, ќе продолжиме да обезбедуваме капиталната адекватност на Групацијата Триглав да остане во рамки на целниот опсег на среден рок, бидејќи таа претставува основа за успешно работење и сигурност на нашите клиенти. Сметаме дека предложената дивиденда овозможува развој на Групацијата Триглав во посакуваната насока, а притоа продолжува да ги исполнува очекувањата на акционерите.“

Предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор во однос на овогодинешната дивиденда е во согласност со дивидендната политика и политиката за управување со капиталот на Групацијата Триглав. Тој ѝ овозможува на Заваровалница Триглав да одржува соодветно ниво на капитал потребно за обезбедување на целната среднорочна капитална адекватност, паралелно со континуиран раст на работењето. Воедно, настојува да ги исполни очекувањата на акционерите што произлегуваат од дивидендната политика, остварените деловни резултати и деловниот развој на Заваровалница Триглав. Доколку капиталните барања на Заваровалница Триглав се зголемат во иднина, ќе се постапува во согласност со усвоената политика за управување со капиталот.

Надзорниот одбор го одобри ревидираниот Годишен извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2025 година, кој, во согласност со финансискиот календар, ќе биде објавен во понеделник, 30-ти март 2026 година. Се очекува Друштвото на 23-ти април 2026 година да го објави свикувањето на редовното Годишното собрание на акционери, кое е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

За повеќе информации обратете се во Службата за маркетинг и односи со јавност, Триглав Осигурување, бул. 3-та Македонска Бригада, бр. 36, 1000 Скопје, e-mail: [email protected], web: www.triglav.mk.

Групација Триглав, со своето знаење, искуство и финансиска стабилност, веќе 125 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и една од водечките во југоисточна Европа, работи во шест земји и на седум пазари, а на меѓународно ниво е присутна преку партнерства со посреднички, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиното работење се осигурувањето и управувањето со средства. Групацијата има повеќе од 5.000 вработени. Нејзината мисија е градење на побезбедна иднина. Главните вредности на групацијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е насочена кон зајакнување на својот идентитет и видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација. Со одржлив деловен пристап, Триглав создава развојно ориентирана средина за своите вработени, гради силни партнерства и претставува стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, е издавач на примарниот пазар на Љубљанската берза.

Комерцијална објава