- Веројатноста за промена на режимот сега, по изборот на Моџтаб Хамнеи, е под 20 отсто. Интуитивно – ми изгледа како напаѓач „волк во зима“. На нишан е од службите. Траењето на конфликтот порано беше калкулирано на четири-пет недели, сега Пентагон проектира на повеќе од сто дена, па дури и до седум месеци „голема војна“. Жртви на Иран: почетно 1.500, но за 90 дена до десетици илјади. Илјадници ќе има и во Либан (можеби и други прокси). Пожарите од рафинериите прават токсични дождови (не знаеме за радиоактивни), со дополнителни жртви. Многу модели навестуваат нејасна и мрачна иднина
Кои се можните сценарија на конфликтот? Прво, да се уништат водачите, па Иран да влезе во хаос. Второ, копнена инвазија. Се смета неможна, бидејќи Иран има еден милион војници (200.000 ИРГЦ), но можно е да се употребат сили – како Курдите, надворешен инпут (муџахедини тренирани во Албанија, Босна, Косово), и други потенцијални – од Заливот (Саудиска Арабија, Катар, Оман, Емирати, Кувајт) – внатрешни незадоволни популации поради религија, култура, економија (Курди, Ахваз Арапи – југозападни богати со нафта Сунити, Балухистанци, Азери, Лури и Персијци во опозиција). Користење на разузнавање и логистика, каде што ќе се придружат евентуално Британија и ЕУ. Трето, да се намести „кукла на чело“ (Пахлави или лажен ајатолах, но сега е наместен Моџтаба Хамнеи, кој е „Хидра“. Велат дека не е „непотизам“ – но ние знаеме како оди тоа. Четврто, Трамп бара безусловно предавање (како Рузвелт во ВСВ). Се фали дека е уништено раководството, лансерите, морнарицата… (можеби – делумно). Петто, револуција и хаос. Емиграциите ќе бидат милионски (кон Турција, Европа, малку и Азија). Шесто, да остане системот со деспотизам, внатрешни масовни ликвидации и одмазднички напад по неколку години, кога ќе има нуклеарно оружје и уште посовршени хиперсонични ракети. Лошо! Богами многу полошо отколку што се мисли! Ние во Европа не ги сфаќаме работите и само критикуваме и дуваме во ветер. Најдобро е да дојде „кукла“ што е бајка за деца. Математички проекции се: умерена контролирана ескалација = 42 отсто, жестока ескалација = 25-30 отсто, директен пешадиски судир = 15 отсто, дипломатско решавање = 20 отсто. Сепак – на крајот ќе се седне на преговарачка маса, по големи трагедии.
Моделите покажуваат циркуларна (спирална) логика, т.е. експанзија исто како огнот во шумски пожар (модел на Хари Блум или Ротермел) или „равенки за дифузија“ плус корективен фактор на неизвесност (книги на John Crank и Evangelista-Lenzi). Неизвесност во оваа војна е инволвирањето на други исламски земји, Русија, Кина, БРИКС и Европа. Да видиме некои продукти. Цената на нафта скока на троцифреност, над 100 долари за барел (денес и до 100), а се очекува да биде над 150 долари за барел (мислам и доста повеќе ако ставиме фактор на раст, кој е нелинеарен). Државите од Г7 закажуваат итен состанок за 9 март за пуштање на резервите. Гасот е повеќе од дупло. Сетете се дека во 1973 година, по Израелско-арапската војна, нафтата скокна 400 отсто, од 3 на 12 долари по барел. Тогаш се воведе ентитетот „петродолар“ (Никсон). До денес, за 50 години, цената е качена 10 пати (од 12 до 100+ долари по барел, значи просечно по 9 долари годишно). Секои 10 долари скок на нафтата предизвикуваат 0,4 отсто консуматорска инфлација. Злато (висока волатилност), долари по унца (по банката „Морган и Велс“): пред ударот = 2,8, во Март = 5,1, проекција = 6,1, транспортот е + 181 отсто. Сега BRICKS UNIT = 165 долари и има бонус од 25 отсто поради бајпас на СВИФТ. Фертилизери: нитрогенот скокна 20 отсто веднаш, а до 50 отсто за 90 дена, фосфатот до 50 отсто, амонијакот до 30 отсто. Природниот гас 45 отсто веднаш и до 215 отсто за 90 дена. Очекувани покачувања за храна во светот („ценовен јаз“) за 90 дена: пченица 5-8 отсто, масло 10 отсто плус, леб 10-15 отсто, овошје 20-30 отсто веднаш и над 50 отсто следните месеци, зарзавати 10 отсто веднаш и 50-100 отсто до 90 дена во зависност од близината. Сиромаштијата ќе се зголеми, ќе зафати 55 милиони нови луѓе во регионот; во Иран сега е 36 отсто и многу ќе се покачи. Во Израел – благо покачување (сега е 21 отсто). Светската банка проектира 3,2 трилиони загуба во следните интензивни 96 часа (претходно во 2025 година до 5 трилиона кумулативна загуба поради тарифна објава). Во Македонија притисоците се исти, но сигурно ќе има државна интервенција (најавена), а мерките и квантитетот не ги знам. Прекупците (да не речам агромафијата или „момците“) ќе бидат погодени, но ќе се снајдат – „момците не се со празни стомаци“. За дрогите (марихуана, кокаин) се очекува 15-30 отсто скок за 90 дена. За нафтата проекцијата за 90 дена е 20-30 отсто, но бомбардирањата кон извори-депоа на Иран и околината се зголемуваат и тоа ја зголемува волатилноста. Општите трошоци на САД за војната се 3,7 милијарди долари за првите сто часа, односно речиси 1 милијарда дневно само за муниција (а каде се екипаж, нуклеарно гориво, авиони итн.). Сега се придружува трет носач на авиони „Џорџ Буш“ (во комбинација со „Абрахам Линколн“ и „Џералд Форд“), па само за носачите дневниот трошок ќе биде 13-15 милиони долари. Околу 4.000 брода за транспорт се инактивни – 4 отсто од глобален превоз. Денес Трамп поради колосалните трошоци сака блиц-резултат и може разните аутпути да ги нарече успех и да се повлече како победник, поради скорашните избори и покривање на Епштајновата „лавина“. Армијата можеби е задоволна со оваа економија и веројатно ќе бара уште поголем буџет (сега е близу 1 трилион долари годишно, поточно одобрени во февруари 2006 година од Сенатот = 838,7 милијарди за Пентагон).
Израел троши 8,8 отсто од БДП за војна (највисок процент во светот). Нетанјаху сака да се смени системот во Иран, без теократска влада, и да се воведе „демократија“, независно од трошоците и времетраењето. Во Либан трошоците од војната се 14 милијарди долари, со нови милијарди сега, а за Израел трошоците од конфликтот со Хезболах се 64 милијарди долари (од 2023 до 2026 година). Вкупно 54 отсто од Американците се противат на војната, а само 27 отсто ја одобруваат; 79-81 републиканци ја одобруваат, 41 отсто од нив ќе се противат при неуспех, а од демократите 87 отсто се против. Меѓу Арапите: од 60 до 100 отсто се против, а Арапите во САД се 60 отсто против. Во исламскиот свет – поддршката е само 11 отсто, во Јордан 14 отсто, а во Тунис е 27 отсто. Во Израел 73 отсто од Евреите имаат доверба на Трамп, а само 18 отсто од Арапите. Во Израел премиерот Нетанјаху има 58-71 отсто подршка за војната, а популарноста му е 40 отсто. Меѓу Арапите во Израел популарноста сега му е 16 отсто (порано 30 отсто). Ајатолахот Хамнеи, чудно, пред атентатот имал аверзивно чувство кај Иранците до 85-90 отсто. Во 2025 година 42 отсто изразувале лутина кон владата и 30 отсто поддршка на странски сили; во Пакистан 35-45 отсто популарност; во Палестина, чудно, 36 отсто. Конфликтот се анализира со структурна логика (правила по кои се одвива) и циркуларна/спирална логика (ескалациска психологија и „принуда“). Математички се третира преку теорија на игри, дифузија (ПДЕ = парцијални диференцијални равенки) плус фактор на неизвесност (модел „Монте Карло“). „Ескалациска стапица“ е кога еден стадиум води кон друг (полош) – „circulus viciousus“. Илустративна равенка е: dE/dt = A(I-D) – B(O), каде што Е = ескалација, I = интенција, D = детеранца (одвраќање), O = алтернативност („off ramps“). Интенции се интереси, профит, омраза, а детеранца се загуби, намалена логистика или економски. Алтернативност (О) може да биде либанскиот конфликт, вмешување на Кина, Русија и други сили. Ако A(I-D) > B(O), тогаш „спиралноста“ ја претекнува „структурноста“ (контролата), како што се случува сега, и може да настане непредвидливост или хаос, во зависност од времето (долготрајност). Оваа формула личи на Њутновиот закон за сила и Адамсмитовата „невидлива рака“ во економијата. Силата на економијата нема да згасне, може да оди од една „форма“ во друга. Ќе се плати со други енергенти или друг ќе ги земе парите. Парите се сила. Основна причина за оваа војна повторно се парите и психологијата (фанатизам). Доларот може да добие на јачина (аналогно на 1973 година, петродолар), но засилен долар може да ја супримира куповноста. БРИКС извршува купопродажба и со други валути и криптовалути, а големите инвестициски куќи „Блекрок“, „Стејт стрит“ и „Вангард“ го сметаат ова за „волатилен шок“ и ќе советуваат против индискриминантни продавања (при паника, пазарен стрес, војни), ребаланс на портофолио (продавање поволни асети, а купување неповолни), користејќи „ново-инфлоу пари“ за снижени асети, подршка на „стратешки“ контрактори (одбрана-воени како „Палантир“, „Локид“, здравство, енергенти, скапи и ретки метали, злато, сребро, киберсигурност и основни консументи). Исламски милијардери може да реагираат (на пример против „Старбакс“ и „Мекдоналдс“). Криптовалути: тие се „високи бета-ризик“ асети, Иран ќе има отекување преку 700-1.000 отсто вредности преку „Нобитекс“ и слични, со децентрализирани валути и „stablecoins“ (USDT); покачување во трговијата со нафта и гас; поголема скрутиност кон ирански исплати и наклоност кон „privacy coins“, преку „Hyperliquid“ и „HyperBFT contract“. Ќе се зголемува бомбардирањето на инфраструктурни објекти (нафта, гас, воени бази, лансирни центри, нуклеарни-претпоставени збогатувачи). Ова е прва АИ (артефициелна интелигенција) војна во историјата. Се мисли дека „Antropic AI“, компанија со продуктот „Claude“ и кооперација со „Palantir Technologies“, е користена за воени и шпионски активности во Венецуела, а сега е во спор со владата (мислам дека спорот повеќе е финансиски од морален). Сега за АИ се користат други фирми: партнерство OpenAI-DOD, xAI (Elon Musk), „dual-use“ стартери – „killer aplications“ Shield AI, Anduril, Heling, потоа новостартери – специјализирани како Lakonia (AI и комуникации), Albacore (автономни летала и подморници) и Core Four (законски креирања). АИ-индустрии и иновации се менуваат молскавично од ден на ден. Се прават мета-АГИ програми, кои кажуваат „што ќе биде ново утре“ – на пример Марк Закерберговата „Суперинтелигенција група“ со Јан Ле Кун (проектирани 300 милијарди до 2030 г).
Кост-бенефит (анализа на трошоци и придобивки) од војната овде е „геометриски модел“, кој е преоѓање од линеарна-територијална војна (фронт визави фронт – од Наполеон до Курск) во „триангуларна-мултидоменска исцрпувачка војна“, поради асиметрија на армиите, економиите, географијата и бројчаноста. Поради бројноста и редукцијата на бази САД се ориентира на АИ-сателити воздух-море при што се користат следните модели: 1) Дифузиски модел: Д = Г + Н, каде што Д е дифузија, Г е градиент и Н е неодреденост. Градиентот најчесто се намалува со дистанца, а се зголемува во околности – ако се вмешаат Кина, Русија и други. Неодреденоста (фактор на изненадување) е висока овде. 2) Геометриски модел на исцрпување е хаотичност во калкулиран ред. Иран смета на перзистенција, децентрализација со евтини средства. 3) Триангуларна ескалација: наместо директна конфронтација, се развива мултидимензионален модел со еволуција и мултипни учесници. 4) Градиент-оптимизација: теорија на полиња и дифузија да се одредат оптимални патишта на решение – со минимум кост и максимум добивка. Градиентот со растојание се намалува, како инфекција (ако не се намалува, станува пандемија). Ако се вмешаат директно Кина и/или Русија, настануваат мултипни градиенти што интерферираат и со растечки амплитуди и настанува фатален хаос – како фатална пандемија (светска војна). Затоа тие не се вмешуваат директно (веројатно и по необјавен договор) и дејствуваат индиректно со информации (на високо ниво) и оружје (на умерено и калкулирано ниво). 5) Дензитет на сила: за копнен напад според асиметрии на теренот и друго. 6) Paincleve анализа на структурно геометро-тополошки ограничувања на конфликтот (т.н. Риманови површини со повеќе градиенти) со „дупки“ на нестабилност или стабилни центри. Се користат компјутерски системи АИ и АГИ за брзо решавање на овие модели од кои зависат фазите на војната. Некои резултати и предикции: 1) Избор на нов верски лидер: на 9 март 2026 избран е Моџтаба Хамнеи и се преземени безбедносни мерки. Израел изјави дека ќе го гаѓа кој и да е. „Крушата под круша паѓа“ – знаеме каков му е ставот – исто, па исто – како Хидра. Веројатноста за промена на режимот сега е под 20 отсто. Интуитивно – ми изгледа како напаѓач „волк во зима“. На нишан е од службите. 2) Траењето на конфликтот порано беше калкулирано на четири-пет недели, сега Пентагон проектира на повеќе од дена, па дури и до седум месеци „голема војна“. 3) Жртви на Иран: почетно 1.500, но за 90 дена до десетици илјади. Илјадници ќе има и во Либан (можеби и други прокси). Пожарите од рафинериите прават токсични дождови (не знаеме за радиоактивни) со дополнителни жртви. 4) ПВО-ефикасност: првите денови до 95 отсто успешни пресретнувања паднаа до 65 отсто, што е катастрофа. 5) Проектили: во почетокот Иран лансира 200 на ден (не може толку да произведе). САД можат да ги потрошат SM-3 и THAAD за четири-пет недели (потребен е итен надомест). Иран поседува две-три илјади ракетни проектили и илјадници дрона. Досега од сојузниците се лансирани речиси 8.000 ракети. Пенетрација (Иран) од почетни 2-3 отсто сега до 17 отсто. 6) Логистика: Иран преферира „влекачка“ (долготрајна) војна со пулсни напади (по 100 проектили наеднаш за да се „збунат“ радарските системи). Продолжува со бомбардирање на околните нафтоносни држави и центри за десалинизација (можеби по инструкции). Тоа ќе акцелерира големи бранови на иселеници. 7) Стратегија САД-Израел: блиц, таргетирање на водачи, „хируршко“ таргетирање на 3.000 места – лансери и нуклеарни центри во Натанц, Фордоу и Исфахан. 8) Еволуција на разузнавањето: строго спирален модел.
Разузнавањето е комплексна игра на „четири хидри“ – агенциите на Израел, Иран, Кина, Русија и САД. Постои асиметрија меѓу разузнавањето (информациско поле) и армијата – разузнавањето е многу напред, со поголема брзина и дифузиска равенка. Играта е на четири нивоа – инфилтрација, дигитализација, сателити и иновација. 9) Сценарија: А) „Имплозија на тврдината“ (високо веројатно): масивна деструкција на иранска инфраструктура, со јака домашна нестабилност со транзиција на моќ (умерено веројатно). Б) „Бескрајно мочуриште“ (средна веројатност) од 90+ дена бомбардирање без тотален колапс, што води до долготрајна нискоинтензивна војна, како на пример во Авганистан. В) „Стратешко фијаско“ – режимот преживува, ги регенерира стоковите на проектили, продолжена нуклеарна програма, внатрешен деспотски теократски режим, што веројатно ќе стимулира нова „дванаестдневна војна“. Понатаму – што ако Трамп изгуби на конгресните избори? Што ако изгуби сукцесорот на следните претседателски избори? Кажувам мое мислење, а вие секако не мора да прифатите. Демократските кандидати ќе сакаат реверзија на политиките – „протекционизам“ кон мигрантско-џихадистичкиот свет. Обратно – ако Иран стане демократски, убеден сум дека ќе стане високоразвиена држава – како „јапонското чудо“ (од 1960-1980).
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
































