Фото: Маја Јаневска Илиева

По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката Пулс, во сабота, на 14 март, во Црква „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржат верски обреди во спомен на загинатите.

Според најавите, со почеток во 8 часот ќе биде отслужена света литургија за упокоените, додека во 9.30 часот ќе се одржи општ парастос за жртвите од пожарот, пренесе МИА.

Со богослужбите ќе чиноначалствуваат поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Стефан, како и митрополитот на Брегалничка епархија, митрополит Иларион.

Верските обреди се организираат во знак на сеќавање на жртвите од пожарот што се случи минатата година во дискотеката „Пулс“ во Кочани.