Registracija MVR
Фото: МВР

Полицијата лишила од слобода  двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19.00 часот до 03.00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје.

МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

– Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје – се вели во информацијата.