Фото: МОК

ЗОИ 2026

  • Таа оствари време од 31 минута и 32 секунди, што е за осум минути и 43 секунди послабо време од новата олимписка шампионка, Швеѓанката Фрида Карлсон

Македонската олимпијка во нордиско скијање, Ана Цветановска (25) го освои 105-то место во трката на 10 километри крос-кантри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо (Италија), кои се одржуваат до 22 февруари. Цветановска е втора од четиричлената натпреварувачка експедиција на Македонија што настапи на овие ЛОИ (по нордиецот Ставре Јада во спринт-трката за мажи), остварувајќи време од 31 минута и 32 секунди, што е за осум минути и 43 секунди послабо време од новата олимписка шампионка, Шваѓанката Фрида Карлсон, која делницата ја мина за 22:49 минути. Второто место го освои нејзината сонародничка Еба Андерсон (46 секунди послабо време), додека бронзата ѝ припадна на Американката Џеси Дигинс (49,7 секунди послабо време од победничката).
На трката настапија вкупно 111 олимпијки, три од нив не стигнаа до целта, додека Цветановска, која настапи со стартен број 101, беше подобро пласирана од Ања Илиќ од Србија, Џени Ериксен од Малта и Реџина Мартинез од Мексико.
Сепак, постигнатото време на Цветановска на 10 км покажува дека таа полека напредува во оваа дисциплина. Таа го подобри својот резултат од ЗОИ во Пекинг 2022 година за повеќе од три минути, односно од тогашното заостанување, кое беше 11:51,40, таа сега стигна до целта со заостанување од 08:43,20 минути. Г.И.