Фото: Илустрација

Сообраќајот на регионалниот пат Берово – Струмица, кој претходно беше целосно блокиран поради поголеми наноси од одрони, според информации од терен во моментов се одвива по една коловозна лента.

Како што информираа од ЈП „Македонијапат“, екипи за одржување на патот интервенираа и почнаа со расчистување на одроните.

-Во моментов, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Дел од одроните се веќе исчистени, а останатите ќе бидат отстранети во наредниот ден – информираа од претпријатието.

Возачите се повикуваат да возат внимателно и според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.